вторник, јануари 28, 2020

Исклучен играч влезе предвреме во игра и го реши натпреварот! (ВИДЕО)

На натпревар во Асобал лигата се случи несекојдневна случка кога казнетиот играч на две минути предвреме се врати на теренот незабележан од никого и активно учествуваше во одлучувањето на мечот. Пуенте Хенил го совлада тимот на Нава со 25:24, а одлучувачкиот гол го постигна Виктор Алонсо. Тој беше исклучен на две минути и требаше да се врати седум секунди пред крајот на натпреварот. Сепак, тој влезе во игра 13 секунди порано од што требаше и успеа да погоди за победа на својот тим. Овој инцидент во првенството на Шпанија помина незабележано од судиите, делегатот, а ниту некој од противничката екипа го забележа тоа. Во видеото во продолжение погледнете ја завршницата на мечот.