Македонскиот ракометен шампион Вардар доби финансиска инекција од општина Аеродром во износ од 1,2 милиони денари што ќе биде само дел од најавената поддршка што клубот треба да ја добие во следниот период. Тимчо Муцунски, градоначалникот на општина Аеродром објави дека по направениот ребаланс на буџетот „црвено-црните“ ќе ја добијат финансиската помош.
„Вечерва Советот на Општина Аеродром на моја иницијатива даде поддршка за македонскиот бренд РК Вардар. Со ребалансот на буџетот, покрај развојните инвестиции и капиталните проекти кои се предвидени, Општина Аеродром издвојува и 1.2 милиони денари за поддршка на македонскиот шампион. Во ваквите тешки мигови за нашата ракометна гордост поддршката од наша страна беше неопходна, напиша Муцунски на својот инстаграм профил.
Вардарци не добиваат никаква поддршка од централната или локална власт и претходните години целиот буџет беше од спонзорите кои го подржуваа клубот. Сезонава тимот нема да игра во лигата на шампионите откако ЕХФ не му дозволи бидејќи не успеале да го исплатат стариот долг што го имаше клубот.
Помошта од Аеродром можеби е мала но секако важна за тимот да може непрекинато да ги извршува своите обврски. Најавено е дека ова нема да единствената помош, и дека и во иднина локалната власт и повеќе спонзори ќе му даде поттит на клубот да продолжи да има респектабилен тим и да остане во борба за титулата во домашното првенство.