Македонската репрезентативка Ивана Гакидова ќе има нов предизвик во нејзината кариера.
Гакидова по една сезона во српската Наиса Ниш, со која играше во Европскиот куп, српскиот плеј-оф и финалето на Купот, заминува во турскот тим Коњалти.
Таму веќе игра една македонска репрезентативка, Моника Јанеска, а пред неколку дена за овој тим потпиша и некогашната вардарка Алена Ихнева.
„Се прави квалитетна екипа со селекторот на женската репрезентација на Турција. Целта на клубот е да се обезбеди место во Европа. Во Коњалти доаѓа и Алена Ихнева од Вардар, а јас сум подготвена за новиот предизвик во кариерата“, вели Гакидова за 24Ракомет.
Кружниот напаѓач Гакидова, покрај настапите за Вардар и Металург на домашна сцена, на меѓународна ги носеше дресовите на француските Стразбург и Сен Маур, како и на чешкиот Бањик Мост и на норвешкиот Молде.