Изминатиот викенд во спортската сала во Гостивар под покровителство на Општината, се одржа ракометниот турнир во машка и женска конкуренција „Гостивар 2019“.
Во генерацијата 2004/05 во женска конкуренција, првото место го освои Стружанка, пред Лихнид и Ѓорче, додека во генерацијата 2006/07 првото место го освои Лихнид, второпласиран беше тимот на Јехона, додека трет заврши Ѓорче.
Во машка конкуренција, во генерацијата 2006/2007 највисоко на пидесталот се искачи тимот на Ѓорче, второто место го освои Јехона, додека трет е составот на Охрид.
Во рамките на овој настан, со кој се одбележува денот на Општината, се одигра и уште еден натпревар меѓу Јехона Гостивар и Вардар Седмерец (2008/09), на кој победи гостинскиот тим.