Европската ракометна федерација ги потврди тимовите што ќе бидат дел од новата сезона во Лигата на шампионите.
Извршниот Комитет на ЕХФ заседаваше во текот на вчерашниот ден и завчерашниот ден и одлучи за тоа кои тимови ќе добијат „апгрејд“ или вајлд-карта за елитното натпреварување.
Беа прифатени барањата на Нант, ПИК Сегед, Елверум, Мотор Запорожје, Целје и Брест Мешков, кои ќе им се придружат на директно пласираните во групната фаза – Вардар, Кил, Фленсбург, ПСЖ, Загреб, Веспрем, Алборг, Порто, Барселона и Келце.
Адемар Леон, Спортинг Лисабон, Еурофарм Пелистер, Кадетен Шафхаузен, Бешикташ, Висла Плоцк, Динамо Букурешт и ГОГ Гудме ќе играат во Лигата на Европа.
Ждрепката за групите од ЛШ ќе биде на 1 јули, а за квалификациите од Лигата на Европа ќе се одржи на 28 јули.