Утре од 20 часот во Загреб тимот на Еурофарм Пелистер го игра својот втор натпревар сезонава во СЕХА лигата. Според правилата во време на пандемијата со коронавирусот морада се има негативен тест за да може да се настапи, а резултатите на сите членови на Еурофарм Пелистер се негативни.
На оваа средба тренерот Жељко Бабиќ не може да смета на комплетниот состав. Поради повреда ги нема репрезентативците на Македонија, Маџовски и Велковски, како и интернационалците од Хрватска и БиХ, Кушан и Вегар.
Утре против тимот на Загреб во составот нема да биде ниту новиот голман Карим Хендави. Тој пристигна вчера во Битола, па ќе дебитира на следниот натпревар против Татабања во Лигата на Европа, а тој дуел се игра в среда во Битола.