Еурофарм Пелистер одигра контролен натпревар со “помалиот брат”

Денес во спортската сала „Боро Чурлевски“ пријателски натпревар одиграа првиот и вториот тим на Еурофарм Пелистер.

На натпреварот, кој се одигра по три третини по 20 минути, победи составот на Еурофарм Пелистер со пет гола разлика, 29:24.

Двајцата тренери, Ларс Валтер и Александар Јовиќ шанси им дадоја на сите ракометари на теренот, па така резултатот беше во втор план.

Најдобри стрелци во првиот тим беа Жарко Пешевски и Руди Сери со по пет погодоци, додека Вилсон Дејвис запиша четири погодоци. Кај вториот тим се истакнаа Никола Стоилевски, Антонио Николовски и Петар Атанасијевиќ со по три погодоци.