Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија на гостувањето кај тимот на Татран Прешов со 32:28,но поради победата на домашен терен против истиот ривал со 12 гола разлика веќе го обезбедија второто место во групата така што имаат добра стартна позиција за елиминациите во СЕХА.
Од почетокот на средбата домашните имаа контрола на резултатот. Натпреварот тргна со неизвесна игра, но после 4:4 во 9. минута ракометарите на Татран направија 3:0 и овие три гола им беа само сигнал за уште подобро продолжение од средбата.
Без проблеми се одеше кон игра во која тимот од Битола никако не успеваше да се доближи одново. Имаше намалување на водството на домаќинот, но не и израмнување. Највисоката предност беше четири гола, но Еурофарм Пелистер дојде само до два гола негатива. Кога требаше да се израмни се шутираше на празниот гол на противникот премногу лошо така што на одмор Татран Прешов замина со 16:14.
Во вториот дел Еурофарм Пелистер успеа да влезе во подобар ритам и да одигра подобро. На моменти имаше и гол негатива. Во 37. минута беше 17:18, конечно резултатот беше израмнет во 44. минута при 22:22.
Тука одново му беше дозволено на противникот да отиде на плус четири и на десет минути до крајот при 28:24 веќе беше јасно кој победува. До крајот тимот на Татран ја зачува предноста и победата, која на крајот беше изразена со четири гола и конечни 32:24.
Со овој пораз тимот на Еурофарм Пелистер остана само со теоретски шанси за првото место во Групата А од СЕХА, а второто е веќе сигурно обезбедено и нема да има проблеми бидејќи ниту Металопластика, ниту Татран нема да можат до него.
СЕХА ЛИГА – ГРУПА А
ТАБЕЛА