Српскиот интернационалец Игор Арсиќ во новата сезона ќе настапува во шампионатот на Израел. Голманот од Србија ќе биде ново засилување во екипата на Хапоел Ашдод.
32-годишниот голман ќе биде прва опција меѓу стативите на израелскиот клуб, бидејќи двата досегашни голмани, Милош Рајчиќ и Томислав Стојковиќ го напуштија клубот.
Арсиќ во својата кариера настапуваше за грчките клубови, АЕК Атина, ПАОК и Олимпијакос, како и за клубовите од Србија, Раднички Крагуевац и Партизан. Во Македонија ги бранеше стативите на двата битолски клубови, Пелистер и Еурофарм Работник, кои сега се еден клуб – Еурофарм Пелистер.
Пред извесен период, Хапоел Аштод ангажираше уште еден поранешен ракометар на Пелистер – Ристо Вујачиќ. Со новите трансфери, израелскиот клуб речиси го комплетира тимот за новата сезона.