Душебаеви не ја забораваат Македонија – во Полска подготвуваат „кромидарник“ (ФОТО)

Шпанскиот репрезентативец Алекс Душебаев, кој своевремено го носеше дресот на Вардар, веќе трета сезона настапува во полскиот шампионат во дресот на Келце.

Сепак, тој и неговата сопруга Ирене Портиљо, очигледно не го заборавиле престојот во Скопје и Македонија.

И во Полска тие подготвуваат македонски јадења, а вчера на менито беше кромидарник.

„Гостите“ Игор Карачиќ и Душица Андоновска, сигурно си заминале задоволни…