четврток, септември 16, 2021

Драма во Бутел – Како Денис Тот го сруши прилепскиот ѕид (ВИДЕО)

Ракометарите на Бутел Скопје многу тешко во возбудлива завршница славеа против екипата на Прилеп со погодок во последната секунда со 28:27, иако на две ипол минути до крај имаа два гола негатива. Во драматичната завршница Прилеп имаше напад за победа, но не реализираше и остана време за Бутел. Ракометарите на Грчевски успеаја да направат акција за шут, тоа го искористи Денис Тот кој со удар од девет метри ја погоди мрежата на Прилеп за голема радост на екипата на Бутел. Победничкиот гол погледнете го во видеото....