Нов млад ракометар ќе конкурира за националниот дрес на Србија. Урош Борзаш е роден 1999 година и во минатото настапувал за младинските репрезентации на Унгарија, но желбата да го облече дресот на Србија била пресудна да одлучи да настапува за оваа репрезентација.
Селекторот на Тони Херона откако дојде на клупата на репрезентациајта направи одлични резултати, а продолжува и понатаму да го составува тимот и да смета на млади играчи. Тој беше многу задоволен од одлуката на Борзаш да настапува за Србија.
„Урош е талентиран играч кој изрази желба да игра за Србија. Иако нема да може да игра официјални натпреари до јули 2022 година, сепак во ЕХФ неделата во март ќе биде дел од нашиот тим. Како што секогаш велам, поголемиот број играчи кои можам да сметам значи и поквалитетен тим. Урош многу добро напредува во Тузла и неговите тренери се многу задоволни“, рече Херона за српскиот „Журнал“.
Исто така и младиот ракометар беше презадоволен од шансата која ја добива да биде дел од репрезентацијата во мартовскиот собир.
„На 13 години заминав во Унгарија, ги поминав сите младински категории во репрезентацијата на Унгарија. Работев со многу познати имиња и големи тренери кои освен во ракометот ми беа поддршка во растењето. Благодарен сум на целиот тим на Академијата кој ми помогна да пораснам одвоен од родителите. Во Веспрем се сретнав со најголемите тренери и играчи, во Татабања соработвуав со Владан Матиќ кој имаше многу доверба во мене. Тоа е нешто што не се заборава, имам голем мотив да настапувам за мојата земја. Повикот од Србија не се одбива“, рече Урош Борзаш.
Србија веќе се пласираше на ЕП 2022 година, но Борзаш нема да биде таму, бидејќи од последниот настап за Унгарија на младинското СП во 2019 година во јуни, треба да поминат три години, што ќе значи дека можеби ќе игра во баражот за СП 2023 година.