Поради големиот интерес за натпреварот од Лигата на шампионите против тимот на Веспрем пуштен е дополнителен контингент на билети за истиот натпревар.
Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат пуштени во продажба дополнителни билети.
Истите се за секторот СТОЕЊЕ, а цената на билетите е 150 денари.
Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем е закажан за в недела, 1 декември во 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.