Вардар ја совлада Војводина со 26-23 во натпревар од 6. коло од регионалната СЕХА лига, а во отсуство на главните шутери, бековското трио го сочинуваа крила.
Тимур Дибиров и Иван Чупиќ заедно со плејмејкерот Сташ Скубе го изнесоа целиот товар на бековската линија, која имаше просечна висина од 180 цм.
Медиа тимот на СЕХА лига подели комплименти за настапите на вардаровото трио на дуелот со Војводина.
„Ова трио е доказ дека динамитот доаѓа во мал пакет“, напишаа на социјалните медиуми од СЕХА.