Дибиров: Секој натпревар ќе стануваме подобри

По триумфот над Војводина, ракометарите на Вардар ги очекува нов предизвик во регионалната СЕХА лига.

Ривал е незгодниот Нексе Нашице, а левото крило Тимур Дибиров очекува тежок натпревар против хрватскиот тим, кој во Скопје доаѓа со нов тренер.

„Очекувам тежок натпревар против Нексе, затоа што последен пат не одигравме добро и на начин на кој посакуваме. Сега сакаме да покажеме друго издание за разлика од почетокот на сезоната. Дали е предност или не, Нексе има нов тренер, ќе има промени на игра. Ние сме подготвени на старата тактика, но сигурно дека ќе има нешто ново од стилот на Тамше. Не очекува квалитетен натпревар, но наша работа е да го наметнеме нашиот стил на игра и на секој натпревар да стануваме се подобри. Среќни сме што сме на терен, за нас секој меч е големо задоволство затоа што за нас како спортисти тоа е многу важно. Со нетрпение го чекаме дуелот со Нексе за да видиме до кај сме“, изјави Дибиров.

Натпреварот против Нексе се игра в понеделник во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:15 часот.