Дибиров: За Вардар не постои нешто невозможно!

Вардар направи херојски пресврт и се врати од негатива од шест голови против хрватскиот шампион Загреб.

Тимур Дибиров со своето искуство помогна во финишот да се стигне до реми, а потоа беше прецизен и во пенал рулетот.

„Никогаш не размислуваме за нешто невозможно. Кажав и пред средбата дека не победува секогаш подобрата екипа. Загреб играше 52 минути. Веројатно нашето искуство на вакви средби беше одлучувачко. Кога паѓа концентрацијата на противникот треба да се извлече најдоброто. Му благодарам на Борко за одбраните кои ни дадоа ветер во грб. Му честитам и на Загреб за одличниот натпревар“, вели Дибиров.

Вардар во финалето ќе се соочи со унгарскиот Веспрем в недела од 20:30 часот.