Распоредот во суперлигашката конкуренција повторно ќе мора да претрпи нови измени. Откако пред неколку дена имаше позитивни случаи во тимот на Јуниор Кисела Вода, сега тоа е случај во екипа од групата Б.
Станува збор за тимот на Бутел Скопје. На последните тестирања на Ковид-19, дел од ракометарите добија позитивни тестови и тие веќе се во изолација.
Поради тоа ќе биде одложен денешниот дерби натпревар против Бутел Скопје, а веројатно ќе биде ист случај и со следните дуели против Младост Богданци и Тиквеш.
Дуелот меѓу Бутел Скопје и Металург беше последниот од 7 коло со кој ќе се комплетираше првиот круг од регуларниот дел во Суперлигата, но ќе мора да почекаме уште некое време за овој дуел да биде одигран.