Новата сезона од Женската лига исто како и ланската треба да брои 14 екипи. Сепак, за разлика од лани кога еден тим се откажа па сезоната мораше да се игра со 13 тима, сега има нов клуб и би требало да нема такви проблеми.
Стартот на натпреварите би требало да биде викендот на 19/20 септември, а треба да биде одиграни вкупно 26 кола за да биде добиен новиот шампион на Македонија.
Во лигата минатата сезона играа Металург, Куманово, Вардар, Стружанка, Чаир, Деспина, Спартак, Пелистер, Ѓорче Петров, Гевгелија, Кузман Вардар Илинден, Овче Поле и Алушовски. Сега на овој список е додаден и Шампион, кој првпат се пријавува во сениорска конкуренција, па лигата добива на конкуренција.
Доколку пандемијата со коронвирусот дозволи тогаш ова ќе биде можеби уште поинтересна сезона од ланската и сигурно ќе има што да се види и на теренот така што останува клубовите да почекаат да дојде стартот на сезоната.