Ракометарот кој речиси и да не заигра за Вардар, а си замина, Едуардо Гурбиндо дебитираше за својот нов тим Динамо Букурешт во првенството на Романија.
Тој постигна пет гола во победата против Доброгеа суд од 30:22. Ова му беше прв натпревар, а се очекува да дебитира и во Лигата на шампионите после паузата.
Гурбиндо треба да биде големо засилување за Динамо во продолжение од сезоната, а голема улога за да се пресели во Романија имаше и тренерот Чави Пасквал.
За Динамо игра уште еден поранешен ракометар на Вардар, Калифа Гедбан. Голманот дојде од Шпанија каде што играше минатата сезона.