Ракометарот на тимот на Рајн Некар Левен, Андреас Паличка успеа да се најде на врвот при рангирањето на најдобрите ракометари за 2019 година во Шведска.
Тој го доби ова признание од страна на Ракометната асоцијација на Шведска откако имаше одлична сезона зад себе.
„Повеќе од една деценија, исполнета со најтешки натпревари на клупско ниво тој стана клучен играч во репрезентацијата на Шведска. На 34 години Паличка продолжува да се развива во еден од најдобрите на својата позиција. Во националниот тим тој е веќе лидер“, стои во коментарот од жирито.
Паличка е играч кој е седумкратен шампион на Германија, а освои и пет титули во Купот на Германија и две во Лигата на шампионите. Со репрезентацијата на Шведска дојде до сребрениот медал на Европското првенство во 2018 година.