Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство.
Ривал на избраничките на Љубомир Савевски ќе биде селекцијата на Романија. Македонија со победа против Романија ќе обезбеди пласман во главната фаза на континенталниот собир.
Натпреварот меѓу Македонија и Романија ќе се одигра во СЦ „Борис Трајкосвски“ со почеток од 18:00 часот.
Српските судијки Вања Антиќ и Јелена Јаковљевиќ ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Македонија и Романија, а натпреварот може да го гледате ТУКА и ТУКА.