Гледајте ВО ЖИВО: Архус – Еурофарм Пелистер (ЛИНК)

Екипата на Еурофарм Пелистер денес на гостувањето во Данска кај тимот на Архус ќе атакува на трета сезонска победа во Лига на Европа.

Избраниците на Ларс Валтер во досегашниот тек во второто по ранг европско натпреварување забележаа две победи, едно реми и три порази.

Натпреварот меѓу Архус и Еурофарм Пелистер ќе започне со почеток од 18:45 часот, а ќе има пренос на Арена Спорт 2 и на ЕХФ ТВ. Може да го гледате ТУКА (има шест линкови на избор) или ТУКА.

*линкот на ЕХФ ТВ работи само ако го следите натпреварот од странство, а претходно ќе ви треба регистрација во неколку чекори.

Судии на овој натпревар ќе бидат Марион Кун и Алвар Тинт од Естонија, додека делегат ќе биде Австриецот Кристијан Кашуц.