Втора рунда од скопско-битолскиот двобој: Вардар и Еурофарм Пелистер на нов тест

По финалето на Струшкиот турнир, Вардар и Еурофарм Пелистер денеска ќе одиграат уште еден контролен натпревар пред стартот на новата сезона.

Вардарци се подготвуваат за реваншот од четвртфиналето на СЕХА против Нексе, додека битолчани за стартот на новата сезона во регионалната конкуренција.

Кристијан Дисингер и Ловро Јотиќ се пожалија на повреди по дуелот во Струга, но би требало да бидат подготвени за Нексе.

Битолскиот тим со комплетниот ростер би требало да допатува во Скопје, каде што утре ќе одигра уште еден пријателски натпревар против Бутел.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер започнува од 17:30 часот, а ќе се игра зад затворени врати, односно без присуство на гледачи.