Српскиот шампион Војводина на првиот финален натпревар против Наербо во рамки од Европскиот Куп оствари убедлива победа со седум гола разлика, 30:23.
Избраниците на Борис Ројевиќ беа доминантни во речиси целиот натпревар, на полувреме водеа со 15:8, во вториот дел продолжија со исто темпо и обезбедија седум гола залиха за реванш дуелот.
Најефикасен во редовите на Војводина беше младиот перспективен ракометар Лука Роган со пет постигнати погодоци, по четири реализации имаа Срѓан Милиќ, екс вардарецот Грегор Оцвирк и Бојан Раѓеновиќ.
Реванш дуелот меѓу Војводина и Наербо ќе се одигра на 3 јуни во Ставангер. Токму екипата на Наербо е актуелен бранител на титулата во третото по ранг европско натпреварување.