ЗА ВИКЕНД: Потсетување на драмите против Барса и ПСЖ – како Вардар стана европски првак во 2017 година

Европската ракометна федерација на фановите на Вардар во Македонија и пошироко викендов ќе им овозможи витинско уживање емитувајќи ги натпреварите од завршниот турнир во Келн од 2017 година на социјалните медиуми.

На страната на Фејсбук и Јутјуб каналот на ЕХФ ќе бидат емитувани натпреварите, а во петок на програмата ќе биде првиот дуел помеѓу Веспрем и ПСЖ. Во сабота следува вистинско уживање со победата на Вардар над Барселона во полуфиналето со голот на Лука Циндриќ во последните секунди.

Неделата е резервирана за последните два натпревари од сезоната 2016/17, за третото место помеѓу Барселона и Веспрем и големото историско финале и победата на Вардар над ПСЖ. На овој меч јунак со гол за победа во последната секунда беше Иван Чупиќ.