Овие два дена во Келн се игра завршниот турнир во Лигата на шампионите за сезоната 2019/20, со ПСЖ, Барселона, Кил и Веспрем. По поразите од Барселона, односно Кил, тимовите на ПСЖ и Веспрем ќе им остане да чекаат нова шанса за освојување на европска шампионска титула.
Откако ЕХФ го смени системот, и наместо два финални двобои дома и на гости, воведе завршен турнир, ова што се одржува во моментов е 11-то издание.
Францускиот тим се појавува четврти пат во „Ланксес Арена“, но ниту еднаш не успеа да стигне до титулата. Три пати е елиминиран во полуфиналето, а во сезоната 2016/17, играше во финалето но загуби од Вардар.
Најголем „лузер“ во ЛШ е унгарскиот гигант Веспрем. Овој тим дури шест пати игра во Келн, три пати беше запрен во полуфинале, додека три пати загуби во финале. Последен пат тоа се случи лани, кога загуби од Вардар со 27-24.
Двата тима ќе чекаат нова шанса оваа сезона и да се вратат во Келн во јуни 2021 година.