Ракометарите на Веспрем со убедлив триумф го завршија регуларниот дел од сезоната во унгарскиот шампионат.
Веспрем славеше на домашен терен над Татабања со убедливи девет погодоци разлика, 34-25.
Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков беше во ростерот на Давид Дејвис и успеа три пати да погоди.
За Веспрем сега следуваат двата најважни дуели на домашно тло, односно финалната серија со ПИК Сегед, која ќе се игра на 2 и 5 јуни.