Василева броеше до 14, Спартак без мака против Кузман Вардар

Ракометарките на Спартак прославија убедлива победа на гостувањето кај Кузман Вардар со 25-39 во натпревар од 25. коло од Женската лига.

Избраничките на Велимир Мицевски уште на полувремето ги обезбедија бодовите и водеа со 11-22.

Најдобри стрелци кај Спартак беа Симона Василева со 14 погодоци, како и Јана Ѓошевска која даде осум.

Во домашниот тим се истакнаа Јована Ангеловска со шест, Вања Ангеловска и Сандра Јовевска со пет погодоци.

За двете екипи останува уште по еден натпревар до крајот на лигата за оваа сезона.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080