Вардар и Елверум постигнаа 68 гола, но и ги поделија бодовите

Во натпревар со многу голови ракометарите на Вардар и Елверум одиграа без победник со нерешени 34:34 во дуел од Групата А во Лигата на шампионите.

Натпреварот тргна ефикасно уште од првиот напад. Ова беше средба која се играше речиси без одбрана бидејќи имаше постојано погодоци и тоа наизменично. Елверум беше во предност до средината на првото полувреме, а Вардар успеваше да израмни. Тоа водеше кон натпревар во кој ќе решава гол или два.

На средината на полувремето вардарци првпат поведоа, а потоа следуваа уште две измени на тимот кој е во предност. Гостите успеаја да стигнат до предност пред заминувње на одмор и на паузата имаа 21:20.

Второто полувреме тргна во ист стил. После пет минути игра во него вардарци поведоа со 23:22, а после осум имаа 25:23. Ова најави интересно продолжение на средбата во кое „црвено-црните“ добија огромна поддршка од Марко Кизиќ. Младиот голман го затвори својот гол до 40. до 50. минута, а тогаш Вардар дојде до 29:25.

Овие четири гола се чинеа како сосема доволни за да може да се одигра на победа до крајот на средбата, но брзо се влезе во криза. Неколку лоши напади овозможија простор за игра на противникот, а таквата игра им даде шанса на противниците кои во 56. минута стигнаа до израмнување на 31:31.

Вардар успеа да биде одново во водство, но Елверум израмнуваше. На нешто повќе од минута при 34:33 за Врадар, Грондал изведе седмерец и го промаши целиот гол. Веќе во следниот напад Стоилов имаше меч топка, но голманот Торстен Фрис одбрани, па Елверум напаѓаше за реми. Петерсен успеа да најде простор за да бие од далечина, топката заврши во голот за конечни 34:34.

21 февруари 2021
34 - 34
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
21 февруари 2021 17:34 ЛИГА НА ШАМПИОНИ А 2020/2021 21.02.2021 60'

Место

СЦ „Јане Сандански“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ВАРДАР 19612034Реми
ЕЛВЕРУМ2134Реми

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Васко Шеваљевиќлев бек01
3Патрик Валчакпивот02
4Томислав Јагуриновскидесен бек00
5Стојанче Стоиловпивот05
8Димитар Димитриоскилево крило00
9Гоце Георгиевскидесно крило13
11Мартин Карапалевскицентрален бек00
15Кристијан Дисингерлев бек22
21Глеб Каларашпивот23
24Анте Гаџацентрален бек08
27Иван Чупиќдесно крило16
28Филип Талескилев бек00
31Тимур Дибировлево крило04
44Јосип Векиќдесен бек00
77Робин Кантегрелголман00
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 634

ЕЛВЕРУМ

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Кристофер Хедбергдесно крило01
5Кристијан Хуберт Ларсенпивот00
7Симен Шонингсендесен бек01
9Симен Холанд Петерсенлев бек04
12Емил Кери Имсгардголман00
14Јохан Никлас Фингренлев бек21
15Тобијас Грондалцентрален бек03
16Торстен Фрисголман00
18Едвин Нилс Свенсондесен бек00
19Лук Абалодесно крило04
20Ендре Лангаспивот01
21Вилијам Нилсен Нигардлево крило04
23Доминик Матедесен бек05
44Томас Солстадпивот15
70Карл Јозеф Пујолцентрален бек05
71Александре Кристоферсен Блонцлево крило00
 Вкупно 334

Officials

Судии:Делегат:
Бојан Лах -Словенија
Давид Сок -Словенија
НАЧЕВСКИ ДРАГАН
ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВЕСПРЕМ14120224
2ФУКСЕ БЕРЛИН1490518
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1490518
4СПОРТИНГ1482418
5ДИНАМО БУКУРЕШТ1460812
6ВИСЛА ПЛОЦК1451811
7ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР143298
8ХК ФРЕДЕРИЦИЈА1411123