Екипите на Вардар и на Металург одиграа контролен натпревар на кој „црвено-црните“ стигнаа до победа од 34:26, а ова беше контрола пред почетокот на пролетната полусеозна во која прво следуваат дуели од СЕХА, а потоа и во Лигата на шампионите.
Вардар беше подобриот противник во двете полувремиња. На крајот од првите 30 минути беше 14:12, а во продолжението водството беше зголемено.
Ракометарите на Вардар имаа предност постојано, а на 20 минути до крајот беше четири разлика. Најголемата предност беше обезбедена во завршницата кога резултатот беше 32:23, па последните минути беа само формалност.
Вардар почнува со натпреварите на 28 јануари кога игра натпревар во СЕХА лигата против Војводина. Веќе на 2 февруари следува но дуел против Нексе исто така во СЕХА и на домашен терен.