Репрезентацијата на Хрватска иако играше без многу стандардни играчи, сепак, забележа убедлива победа од 32:24 против Словачка во натпревар од ЕХФ Евро купот.
Меѓу најзабележителните на теренот беа ракометарите кои настапуваат во македонското првенство во тимовите на Вардар и Еурофарм Пелистер. Матео Мараш беше најефикасен со пет погодоци, а неговиот колега од битолскиот тим, Кушан постигна два гола. Анте Гаџа погоди четирипати, а Иван Чупиќ постигна два гола.
Хрватска целосно доминираше во сите 60 минути и немаше никакви проблеми да стигне до победата. После првите 30 минути имаше водство од 16:10 кое во продолженито рутински и без проблеми беше сочувано, па Хрватите остварија нова победа во Евро Купот.
Истите противници ќе одиграат уште еден натпревар веќе утре со почеток во 18 часот и тој натпревар ќе се игра во Вараждин како и денешниот.