Тимот на Куманово полека го склопува играчкиот мозаик пред стартот на новата сезона во Женската лига.
Откако капитенот Александра Боризовска стави потпис на нов договор, уште една ракометарка го продолжи престојот.
Станува збор за десниот бек Бранкица Марковиќ, која потпиша нов едногодишен договор со македонскиот претставник во ЕХФ Купот.
Кумановки оваа сезона ќе атакуваат на титулата во Женската лига, која минатата сезона поради прекинот не ја освоија, а беа главни фаворити.