Борец со три од три, ја доби драмата во Кичево

Ракометарите на Борец Велес ја забележаа третата победа во плеј-аут разигрувањето во Првата лига.

Велешани славеа на гостувањето во Кичево со 24-26, иако победникот можеа да го решат многу порано бидејќи на пауза водеа со 12-16.

Во вториот дел домашните стигнаа до реми, 19-19, па се играше гол за гол до 21-21, пред велешани да стигнат до 21-23 и таквата разлика ја сочуваа до самиот финиш.

Во последната минута беше 23-25, најпрво Новевски намали на минус еден, но триумфот на Борец го запечати искусниот Мачавелов.

Најдобри стрелци кај велешани беа токму Мачавелов со осум гола, како и Миленков и Табаков кои дадоа по пет, додека кај кичевци Новески имаше шест гола, а Мирчески и Смилески по пет.