Панданот на регионалната СЕХА лига во Белгија и Холандија е БЕНЕ лигата, во која до пред три сезони играа и тимови од Луксембург.
Двете држави потпишаа нов договор за соработка, па покрај во своите национални првенства, по шест екипи од Белгија и Холандија, ќе играат и во БЕНЕ лигата.
Новиот договор е потпишан на четири сезони, па лигата која се игра од 2008 година, ќе биде активна најмалку до 2024 година.
Најуспешен клуб во БЕНЕ лигата е белгискиот Бохолт, кој досега има четири шампионски титули, вклучително и ланската.