Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за заостанатите натпревари од Лигата на шампионите.
На 11 февруари во „Загреб Арена“ ќе гостува шпанскиот гигант Барселона, а правдата на тој натпревар ќе ја делат македонски арбитри.
Станува збор за Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека делегат ќе биде Марјан Начевски.
Натпреварот меѓу Загреб и Барселона се игра на 11 февруари од 20:45 часот, а претходно хрватскиот тим ќе игра со Целје на 9 февруари, додека Барселона ќе се соочи дома со Веспрем.