Бараме НОВИНАР

Редакција -24Ракомет-
Оглас за позиција новинар

Специјализираниот спортски портал 24Ракомет (www.24rakomet.mk) има потреба од новинар.

Идеалниот кандидат треба да ги исполнува следните услови:

  • Работно искуство во областа на новинарството (работа на web портал и/или спортска редакција ќе се смета за предност)
  • Кандидатот треба да биде од Скопје.
  • Солидно познавање на ракометот,
  • Познавање на англиски јазик и интернет околината (познавање втор светски јазик ќе се смета за предност).
  • Способност за создавање на свој канал на информации преку создавање мрежа од спортски работници, ракометни ентузијасти и ракометари.
  • Комуникација и одржување на добрите односи со пријатели на спортскиот портал 24ракомет.
  • Способност за работа од терен
  • Самостојно пронаоѓање и пишување вести.
  • Комуникативност и самоиницијативност.

Вашите кратки биографии со податоци за контакт испратете ги на:
[email protected]
[email protected]

Повеќе за веб порталот www.24rakomet.mk

24Ракомет (www.24rakomet.mk), е кулминација на напорна работа и решителност на колектив која дели истата приказна. Повеќе од 15 години, страст и посветеност кон ракометната игра е причината за започнување на овој проект. Повод, недостаток на специјализирани интернет страници на македонски јазик кои целосно се посветени на овој спорт. Желбата за задоволување на потребите на читателите, влубеници во ракометот се наш приоритет. Недостатокот од вести и новини поврзани со секојдневните ракометни случувања се главна мотивација за нашиот тим, а уникатноста на содржините кои ќе се обработуваат e целта кон која сме насочени.

Многу љубов, труд, желба и малку среќа ја опишуваат судбината на овој портал, прв сериозен веб-портал посветен целосно на ракометот чие седиште се наоѓа во најракометниот град во светот, Скопје, во земја каде што ракометот е бр.1 спорт.