Португалскиот репрезентативец Андре Гомеш е на излезна врата од екипата на Порто. Tој беше поврзуван со Кил и најверојатно од следната сезона Португалецот ќе настапува во Бундес лигата но во друг клуб.
Гомеш и Мелсунген според информациите веќе имаат постигнато договор кој ќе започне да важи од наредната сезона. Левиот бек на Порто имаше одлични сезони во Лигата на шампионите изминативе три години кога постигна повеќе од 90 гола.
Андре Гомеш е дел од репрезентацијата на Португалија со која на последното Европско првенство остварија одличен резултат со пласман на шестото место.
Пред да пристигне во Порто во 2017 година, Гомеш има настапувано во екипата на Брага што му е прво искуство во сениорска конкуренција.