Вардар имаше исклучително тешко полуфинале против Загреб кое на крајот го доби после изведување на пеналите. Пред бранителот на титулат е уште еден голем предизвик, а тоа е пресметката со Веспрем за нов пехар.
Стевче Алушовски за прв пат во својата тренерска кариера предводи екипа на фајнал форот и венаш има шанса да стигне до трофејот. Тренерот на Вардар смета дека проивникот е голем фаворит, но и дека тие ќе ја бараат својата шанса.
„Без дилеми Веспрем е голем фаворит. Ќе направиме сè за да се подготвиме најдобро што можеме. Секако, нема да излеземе на терен со бело знаме, туку ќе се обидеме да направиме сè што можеме и да победиме. Верувам дека уште еден тежок натпревар помеѓу Веспрем и Вардар е пред нас“, рече Алушовски.
Вардар има пет титули во СЕХА лигата и ќе има многу тешка задача да стигне до шестиот трофеј во регионалното натпреварување. Борбата започнува во 20:30 часот во салата во Задар.