Словачкиот голман кој настапува во францускиот Ним, Теодор Пол, кој после означувањето крај на сезоната во Франција си замина дома, имаше вистинско патешествие до Словачка.
Тој во интервју за домашните медиуми раскажа за неговото патување од Франција до Словачка и исто така сподели какви се условите и казните во карантинот каде што бил сместен по враќање во неговата земја.
„Прво, ја контактирав нашата амбасада во Париз, ми требаше дозвола за транзит низ Чешка. Пополнував прашалник, каде што наведов кој автомобил, низ кој премин и во кое време би одел. Откако пристигнав во Германија, едвај видов автомобили по улиците. Во Словачка, полицајците во конвој со неколку автомобили ме придружуваа до местото на државната карантин – до Институтот за образование на Министерството за правда. После темелна дезинфекција, ме одведоа во просторијата каде што требаше да претстојувам. Основните правила ми беа објаснети, вклучително и забраната за непотребно отворање на вратите на собата, за што беше предвидена казна од 1600 евра. Вратата може да се отвори на барање или за храна “, изјави Пол.