Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за второто коло во Лигата на шампионите.
Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ меѓу Вардар и Мешков Брест, европската куќа на ракометот им го додели на австриски арбитри.
Станува збор за Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ, додека делегат на оваа средба ќе биде Јован Попадиќ од Србија.
Натпреварот меѓу Вардар и Мешков Брест се игра в среда во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:45 часот.