Јотиќ: Само ние знаеме колку ни беше тешко…

Тимот на Еурофарм Работник го запиша веројатно најголемиот триумф во историјата. Совладан е унгарскиот гигант Веспрем со 26-24 во третото коло од регионалната СЕХА лига.

Средниот бек Ловро Јотиќ вели дека тешкиот период е зад нив.

„Ова е наплата за сите оние полувремиња што ги одигравме лошо во ЛШ. Покажавме дека можеме, оваа победа е за сите нас. само ние знаеме колку ни беше тешко по поразите во ЛШ и знаеме низ што се минавме на подготовките. Затоа сакам да им честитам на моите соиграчи, да одиграте од 1 до 60 минута, да одиграте еден ваков меч и да победите против Веспрем, екипа за која не треба да се трошат зборови, секоја чест на дечките. Но секоја чест и на публиката, бидејќи е прекрасно да се игра во ваков амбиент“, изјави Јотиќ.

Следен предизвик за „фармацевтите“ ќе биде гостувањето кај поранешниот клуб на Јотиќ – Загреб.