📸 Вардар останува класа – по 23 пат ќе игра финале на Купот
Бранителот на трофејот во Купот на Македонија, екипата на Вардар, се пласираше во финалето, откако славеше без особени проблеми, и тоа убедливо против „сино-белиот“ тим од Автокоманда со 33-28. Вардарци по 23 пат ќе играат во финалните натпревари. Противник на Вардар во големото финале в недела од 20:00 часот ќе биде екипата на Охрид, која го совлада Еурофарм Пелистер со 26-19. Вардар доминираше во најголем дел од мечот, голманите од Автокоманда немаа своја вечер, а тоа во комбинација со Валах и Гогов, кој влезе во финишот, беше повеќе од доволно за убедлив триумф.








