📷 Скопскиот вулкан ја „проголта“ Словачка – Македонија со стил се „чекираше“ за Германија
Машката репрезентација на Македонија осмипат по ред, односно десетти во историјата се пласираше на Светско првенство! По триумфот на гости кај Словачка, Македонија уште еднаш ја преслуша оваа селекција и славеше со 38-23. Повеќе од 6.000 гледачи ги бодреа избраниците на Кирил Лазаров и заедно со ракометарите и стручниот штаб се израдуваа на нов успех. Со овој пласман, Македонија го продолжува континуитет на големи натпреварувања започнат од ЕП 2012 и 16 пат по ред ќе биде во друштвото на најдобрите.








