🎥 РФМ доби маскота - запознајте го Шарко - 24 РАКОМЕТ

🎥 РФМ доби маскота – запознајте го Шарко

За првпат, Ракометната федерација на Македонија доби официјална маскота. Од денеска па натаму, Шарко ќе биде дел од секоја ракометна приказна, навивање и голем момент. Своето деби пред македонската публика Шарко ќе го има денеска пред СЦ „Борис Трајковски“ на настанот „национален ден на ракометот“, но и потоа за време на мечот меѓу Македонија и Словачка што стартува од 19:00 часот. Нашите момци славеа на првата пресметка со 31-24 и се наоѓаат на чекор до пласман на СП 2027.