Чешка без еден „двометраш“ и „стокилаш“ на ЕП!

|
12:44
Share on Facebook

Еден од ривалите на Македонија на претстојното Европско првенство ќе биде селекцијата на Чешка, која во Виена патува без еден важен играч во ротацијата.

Селекторите Даниел Кубеш и Јан Филип, нема да можат да сметаат на услугите на кружниот напаѓач Леош Петровски.

Играчот на Бергишер, кој е висок 202 цм и тежок125кг, има повреда и не игра неколку месеци, па нема да им помогне на соиграчите против Македонија, Австрија и Украина.

Кубеш и Филип одбраа ракометари што ќе ги одиграат пријателските средби в сабота и недела против Унгарија, но тоа не е конечниот список за ЕП.

Share on Facebook

Спартак победнички низ Прилеп

Авор: Душко Андов
| 17 октомври 2026
16:28
Share on Facebook

Ракометарките на Спартак и натаму ја продолжуваат серијата без пораз во Супер женската лига и по ремито со Чаир, славеа триумф на гости кај Деспина со 36-23.

Домаќинките пружија солиден отпор во првото полувреме, кое заврши во корист на Спартак со 16-13.

На стартот на вториот дел, избраничките на Симе Симовски постигнаа шест гола по ред за 22-13, десетина минути не примија гол и тука беше решен победникот на овој меч.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа триото Николовска, Цветановска и Јершек со по пет гола, додека кај Деспина се истакна Ристеска со седум реализации.

На табелата Ѓорче Петров и Спартак имаат по десет бода, но „лавиците“ имаат меч помалку, додека Чаир е трет со седум бода и натпревар помалку.

Сега следува репрезентативна пауза и ЕХФ недела, а во следното коло Деспина ќе гостува кај Чаир, а Спартак ќе го предизвика шампионот Ѓорче Петров.

Share on Facebook

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Охрид по бодови во Автокоманда, Чаир против Пелистер, двојна програма во Гостивар

Авор: Душко Андов
| 18 октомври 2026
10:00
Share on Facebook

Ракометарите на Охрид по триумфот над тимот на Кирил Лазаров, ќе играат и против втората екипа од Автокоманда.

„Витамините“ досега немаат триумф во елитната конкуренција, па „гладијаторите“ се големи фаворити за бодови против составот на Никола Матлиески.

За избраниците на Борис Ројевиќ ова ќе биде последен тест пред двомечот од ЕХФ Европскиот Куп наредниот викенд.

Покрај овој дуел на домашна сцена, има и една средба од Супер женската лига, во која Чаир ќе игра против Пелистер.

Во прволигашката конкуренција, ќе има двојна програма во Гостивар – најпрво момците на Јехона ќе играат против Пролет, а потоа дамите ќе се соочат со Овче Поле СУ.

Македонија Ѓорче Петров по поразот од Драчево Јуниор, ќе бара враќање на победничките патеки против составот на Шампион.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

14:30 ПЕЛИСТЕР – ЧАИР (МАКЕДОНИЈА)
15:00 ЈЕХОНА – ПРОЛЕТ (МАКЕДОНИЈА)
16:00 МУЛТИ ЕСЕНС – ОХРИД (МАКЕДОНИЈА)
16:00 МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)
17:15 ЈЕХОНА – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ (МАКЕДОНИЈА)

Share on Facebook

Охрид и без „првиот тренер“ е пресилен за „витамините“

Авор: Редакција
| 18 октомври 2026
17:22
Share on Facebook

Борис Ројевиќ мирно можеше да го гледа мечот на Охрид на гостувањето во Автокоманда, иако тој не беше на клупата. Гладијаторите“ очекувано триумфираа, и тоа „двоцифрено“ против вториот тим од Автокоманда со 42-26

Поради вироза дома останаа тренерот Борис Ројевиќ, и Гоце Ојлески и Дарко Ѓукиќ. Поради повреда се уште во составот на Охриѓани не игра ниту Томислав Јагуриновски. Но, и со таков состав тие се многу посилни од повратникот во Супер лигата.

Со новите бодови Охрид се оддалечи од другите и останува дел од четворката на врвот, сега има 11 бода, два помалку од привремениот лидер Еурофарм Пелистер кој има 13, и Вардар кој има 12, но и меч помалку.

Гостите рано го презедоа резултатот, а клучна беше серијата од пет гола без одговор со која од 3-3 стигнаа до 8-3 во 11. минута. Тогаш се најави дека нема да има неизвесност на средбата.

Домашните го отворија мечот со водство од 2-1, но по израмнувањето на 3-3 Охрид ја зацврсти одбраната и брзо се одлепи. При 3-7 домашните не реализираа седмерец, а негативата потоа порасна на 3-8. Во 22. минута гостите водеа со 16-9, а во 27. минута и со 17-9. До паузата домашните постигнаа уште четири гола, но Охрид ја задржа предноста – 21-13 на полувреме.

И во продолжението охриѓани први ја зголемија разликата. Поведоа со 23-13, а во 34. минута првпат стигнаа до десет гола предност, 24-14. Домашните во овој период промашија контранапад и неколку изгледни шутеви, додека Дино Славиќ продолжи со одбраните. Во 38. минута сопре и седмерец на Горазд Дамчевски.

Во последните 10 минути од мечот гостите влегоа со предност од 35-20, и се беше решено, освен со колкава предност за Охрид ќе за врши средбата. Стигна Охрид по вторпат до највисоките „плус 16“, а потоа 2-3 пати не реализираше напади после кои домашните намалија на 38-25. На крај разликата пак беше „плус 16“, 42-26.

Доминик Мате со 8 гола, и Никола Лиапис со 6, и Давид Савревски и Никола Зечевиќ со 5 беа најефикасни кај госите, додека Дарјан Ѓокески, Христијан Гурмешевиќ и Стефан Ѓоргиевски со по 4 најпрецизни кај домапните.

Share on Facebook

🔴ВО ЖИВО🔴 Пелистер – Чаир, Јехона – Пролет

Авор: Душко Андов
| 18 октомври 2026
13:57
Share on Facebook

Share on Facebook

Радовиш лесно се справи со Текстилец, Петров „удри“ по своите

Авор: Душко Андов
| 17 октомври 2026
22:41
Share on Facebook

Ракометарите на Радовиш прославија триумф над Текстилец со 30-25 во натпревар од 6 коло во прволигашката конкуренција.

Иако се очекуваше поголем отпор од штипјани, сепак домаќините лесно стигнаа до двата бода на оваа пресметка, а во преден план беше левиот бек Васе Петров, кој постигна девет гола против „своите“ штипјани.

Покрај него, во нападот на радовишани се истакнаа Иванче Ончев со осум и Филип Костадинов со пет погодоци.

Домашните поведоа со 12-5, Текстилец за момент се врати на минус еден, 12-11, но на паузата Радовиш замина со предност од три гола, 15-12.

Во второто полувреме радовишани диктираа темпо и имаа резултатска контрола, па гостите немаа шанси за камбек во натпреварот.

Најдобри стрелци во штипскиот состав беа Лазар Стојанов, кој се врати во тимот по еден меч суспензија и даде осум гола, како и Јован Величков, кој стрелаше четири пати.

Share on Facebook