СЕДИ ДОМА, ГЛЕДАЈ РАКОМЕТ: Историја во Битола – Пелистер стана прва машка екипа со европско финале! (ВИДЕО)

Во деновите кога коронавирусот се шири со брзина на светлината на Стариот континент, препораките од властите се најголемиот дел од времето да го поминувате дома и да избегнувате контакти со луѓе. Љубителите на ракометот во овие денови ќе ги потсетуваме на најинтересните натпревари на македонските екипи и репрезентации во изминатите години, како и на најинтересните средби од големите натпреварувања. Седете дома и уживајте во ракометните натпревари. За денеска го одбравме првиот натпревар од финалето во Челинџ Купот во сезоната 2001/2002, кога битолски Пелистер излезе на терен против данскиот Скјерн и славеше со 27-20. Пелистерци станаа прва машка екипа од Македонија што играла финале во некој од европските купови, откако претходно нашата држава го имаше Кометал Ѓорче Петров со две финалиња во ЛШ во женска конкуренција. Битолчани на финалниот дуел против Данците настапија во следниот состав: Ангелов, Горбах, Димитровски, Макалоски, Мојсоски З., Секулиќ, Поповски, Јоновски, Митков, Шундовски, Темелков, Мојсовски Н. Сепак Пелистер загуби на реваншот од Скјерн со 34-17 и останаа без титула...