Ристовска во топ форма пред репрезентативната акција, го наполни голот на ЧСМ Букурешт (ВИДЕО)

Екипата на ЦСКА Москва одигра добар натпревар и со триумфот од 24:19 го елиминираше ЧСМ Букурешт за пласман на завршниот турнир до Лигата на шампионите. Сара Ристовска имаше уште едно ефикасно издание во дресот на ЦСКА Москва и беше најефикасна на овој натпревар со седум погодоци. Ова може само да го радува селекторот на нашата репрезентација, Симе Симовски во пресрет на репрезентативната акција. Сите голови на Ристовска против ЧСМ Букурешт може да ги погледнете во следното видео.