Мицевска со „сто раце“ – одбрани четири пенали и ја однесе Ница на Ф4 во Купот (ВИДЕО)

Македонската репрезентативка Јована Мицевска е херојот на тимот на Ница предводен од Марјан Колев. Ница обезбеди место на завршниот турнир во Купот на Франција, откако по изведувањето на пенали славеше над Мерињак со 28-30. Мицевска одбрани дури четири удари од седум метри и е најзаслужна за големиот успех. Покрај Ница, на Ф4 се Мец и Брест, како и победникот од дуелот меѓу Флери и Нант. Погледнете ги фантастичните одбрани на Мицевска.....