Лазаров ги построи ракометарите, започна мисијата Романија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

14.03.2022 Тренинг на Македонија пред дуелот со Романија

Машката репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот тренинг пред бараж двомечот со Романија за пласман во вториот бараж за Мундијалот во Полска и Шведска. Сепак селекцијата ќе се комплетира дури во вторник, бидејќи слободен ден добија Филип Миркуловски и Жарко Пешевски, а доцна вечерва се приклучува Никола Митревски. Сите останати ракометари веќе го одржаа првиот тренинг и започнаа со подготовките за незгодниот ривал. Првиот натпревар против Романија се игра в четврток во СЦ „Борис Трајковски“ од 19:00 часот, додека реваншот е во Букурешт на 19 март од 17:00 часот.