Годините се само бројка – Лазаров има 40 години, ама игра како да има 20 (ВИДЕО)

Капитенот Кире Лазаров беше најдобар поединец во вчерашната победа над Чиле што ни донесе место во главната рунда на Светското првенство. Тој даде девет гола и заслужено беше прогласен за играч на натпреварот. На официјалниот Твитер профил на Мундијалот, потсетија на одличната партија на нашиот капитен и напишаа - Годините се само бројка за Лазаров. Има 40, ама игра како да има 20. Погледнете дел од неговите подогоци.....